Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
- Традиционалниот Кочански панаѓур ќе се одржи во Кочани на КП бр.15493/1 и КП бр.15493/2, на дел од ул.„Скопска“ што граничи со КП бр.15493/2 и дел од ул.„4-та Македонска бригада“.
- Панаѓурот ќе се одржи во периодот од 20.10.2022 год. до 23.10.2022 год. (четврток, петок, сабота и недела)
- Почетната цена за јавното наддавање изнесува 1.800.000,00 ден. + ДДВ, со праг на наддавање минимум 10.000,00 ден.
- Јавното наддавање ќе се спроведе на ден 07.10.2022 год. во 12.00 часот во просториите на КЈП Водовод Кочани, ул.Д-р Николиќ бр.64, Кочани.
- Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар за вршење дејности од забавен и рекреативен карактер, кои немаат обврски спрема КЈП Водовод Кочани и кои ќе уплатат 10% од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација.
Како доказ да се достави Тековна состојба не постара од 6(шест) месеци и доказ за активна трансакциска сметка.
Уплатата ќе се врши на ж-ска 300050000008715 Комерцијална банка Скопје.
- На јавното наддавање потребно е да учествуваат минимум двајца учесници-правни лица.
Во случај да не успее јавното наддавање веднаш ќе се објави нов оглас за јавно наддавање, на кое доколку се јави и еден учесник ќе биде реализирано.
Доколку не успее и второто јавно наддавање, организацијата на Кочанскиот панаѓур ќе ја преземе КЈП Водовод Кочани.
- На излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да плати и 18% ДДВ.
- Излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да ја уплати истиот ден по завршување на лицитацијата, на сметка на КЈП Водовод Кочани.
- Со најповолниот понудувач КЈП Водовод ќе склучи Договор, во кој подетално ќе бидат дефинирани правата и обврските на двете договорни страни.
- КЈП Водовод Кочани ќе има обврска да ја исчисти и подготви локацијата за непречено организирање на панаѓурот, да обезбеди вода, да обезбеди санитарни чвора и истите да ги одржува и редовно да врши чистење од отпадоци за време на одржување на панаѓурот.
- Обврска на закупецот е да обезбеди осветлување на патеките и просторот каде ќе бидат поставени тезгите како и приклучокот за електрична енергија за корисниците кои ќе имаат потреба од истата (грилови, крофни, шеќерен памук и друго).
Приклучокот на електрична енергија за забавниот парк не е обврска на КЈП Водовод Кочани, туку на закупецот, односно на правното лице со кое ќе се склучи Договорот.
- Заинтересираните кандидати за подетални информации можат да се обратат на тел. бр.033/279-104.