Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Место одговор кон реакцијата на СДССМ за која што нема место, ви испраќам фотографии од плановите за вработување во библиотека „Искра“ и од ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ од кои е очигледно дека планот за вработување во библиотеката подразбира пополнување на две работни места испразнети по основ на пензионирање, и тоа е причината што истиот беше гласан од страна на членот на Совет на општина Кочани од Левица. Меѓутоа, планот на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ предвидува пополнување на над десет работни места за потребите на објект за кој ниту не е избран надзорен орган, ниту има извршено технички прием на истиот. Значи, не станува збор за напад поради одбрана, туку за факти наспроти сеење ветер и магла.