Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Започна асфалтирањето на вториот дел од локалниот пат Крушка-Ајдар на оддалеченост од 16 км од Кочани, во планинските предели на Осоговските Планини.
Вкупната должина на новоизградениот дел на патот изнесува околу 770 метри.
Асфалтирани се 200 метри, а деновиве ќе биде асфалтиран и остатокот од новоизградениот дел.
Изведувач на работите е фирмата „Стоименов“.