Радио Кочани
Кочани

КРИВИЧНА ЗА ПУСТОШЕЊЕ ШУМА Запленети се над 200 метри кубни бесправно исечени дрва

2,367

На Осоговските планини на место викано Бунари, покрај шумски пат, денеска околу 10.30 часот полициски службеници од СВР Штип-ОВР Кочани, пронајдоа над 200 метри кубни бесправна сеча на огревно дрво бука, од кои околу 150 метри кубни подготвени за превоз од страна на правно лице од Кочани.

Како што информираат од МВР, полициските службеници во содејство со Државен инспекторат за шумарство и ловство, реагирале по претходно добиени оперативни сознанија за пустошење на шума, постапувајќи во склоп на Оперативна акција „Гора” .

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Кочани.

На Осоговските планини, на место викано Бабини градини,денеска затекнати се четири лица од Виница, вработени во правно лице од Пробиштип, како вршат бесправна сеча на огревно дрво бука.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Кочани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio