Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во рамките на кампањата на Општина Кочани за зајакнување на сообраќајната култура, деновиве општинските служби за сообраќај во соработка со Одделението за внатрешни работи – Кочани и со претставници од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот реализираа активности за едукација и информирање на учесниците во сообраќајот.
На Меѓународниот ден без автомобили беа дистрибуирани летоци со пораки за важноста на одржливата мобилност и за предностите на превозните средства што не ја загадуваат животната средина.
Во вакви активности се вклучија и ученици од ОУ „Крсте Мисирков“ од Оризари, кои директно контактираа со возачи на моторни возила и упатуваа писмени пораки за безбедно, совесно и одговорно возење и за значењето на велосипедот како превозно и рекреативно средство.
Во селото Горни Подлог, на тракторите како механизација која поради неозначеност може да предизивка опасност во сообраќајот, беа лепени рефелектирачки ленти со пораката „Вози одговорно“.
Реализираните активности се дел и од одбележувањето на Европската недела на мобилност.