Радио Кочани
Кочани

Утре доаѓа пролетта, еве кога ќе треба да ги смените стрелките на часовникот

175

Пролетта почнува утре во 16 часот и 33 минути. Во истовреме на јужната земјина полутопка почнува есента.

Пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 54 минути, односно до 21 јуни 2022 година во 11 часот и 13 минути кога почнува летото.

Следниот викенд, ноќта во 2 часот меѓу 26-ти и 27-ми март почнува летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот ќе треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелките, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне
Напиши коментар

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе