Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Одржан Богородичниот младински фудбалски турнир
Викендов, празнично се одржа традиционалниот 42. Богородичен младински фудбалски турнир. Од вкупно пријавените седум екипи, победничкиот пехар го понесе екипата на Облешево.
Второто место и припадна на екипата на Чифлик, а третото место на екипата на Долни Подлог. Наградите беа во пехари и парични награди, односно за прво место 15.000 денари, 10.000 денари за второ и 5.000 денари за третото место.
Освен прогласените најдобри три екипи, пехари беа доделени и на најдобриот играч, најдобриот стрелец и најдобриот голман.