Радио Кочани
Кочани

Со марш до Свиланово оддадена почит кон Никола Карев

204

Патриотскиот институти од Кочани и Чешиново-Облешево, заедно со ОК – ти на ВМРО – ДПМНЕ од двете општини денеска  со достоинствен марш од манастирот “Св. Атанасиј Велики” во с. Спанчево до Свиланово, оддадоа почит кон делото и жртвата на Никола Карев – претседател на Крушевската Република.
Во присуство на голем број граѓани, членови и симпатизери, како и на пратеикот и  генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ,  Драган Ковачки, оние што маршираа испратија силна порака дека историјата не е само спомен – туку обврска.

Патот до Свиланово беше повеќе од марш, беше потсетник дека слободата и државноста се градат со жртва, но се чуваат со единство, сметаат учесниците на маршот..
На настанот се обрати градоначалникот на Чешиново-Облешево Јорданче Костадинов.

На 27 април 1905 година токму во Свиланово во битка со турската војска загина Никола Карев заедно со дваесетина соборци од неговата чета.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio