Радио Кочани
Кочани

Во Зрновци пронајдено женско тело во распаѓање – обдукцијата е во тек

295

До доцна вечерва истражеители, полицајци и екипи на други институции собираа докази на терен, во Зрновци каде беше пронајдено женско тело во распаѓање.

Жителите на општината за Радио Кочани вознемирено сведочат како дознале за немилата случка.

Од МВР и од обвинителството потврдија дека е пронајден човечки леш во фаза на распаѓање.

Неофицијално – не е исклучена можноста од насилна смрт.

Телото веднаш е предадено на обдукција.

Сведоштво на Ванчо Андонов при што посочи дека во селото не фали ниту една жена, додава дека сигурно е од соседните села, донесена и исфрлена..

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio