Радио Кочани
Кочани

Во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ беше отслужена света литургија и општ парастос, со кои чиноначалствуваа архиепископот г.г. Стефан и митрополитот Иларион.

517

Денеска во Кочани се одржаа верски обреди по повод годишнината од трагичниот пожар, во спомен на загинатите.

Во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ најнапред беше отслужена света литургија за упокоените, по што се одржа и општ парастос.

Со богослужбата чиноначалствуваа Неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и Неговото високопреосвештенство, митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион, во сослужение на свештенството од епархијата.

На обредите присуствуваа граѓани, верници и претставници на институции, кои со молитва и почит оддадоа спомен на настраданите во трагичниот настан.

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio