Радио Кочани
Кочани

В понеделник околу 12 часот потопување на Светиот Крст во Кочанска Река

595

Во понеделник, 19 јануари, по повод празникот Богојавление – Водици, во Кочани ќе се одржи традиционалното фрлање на Светиот Крст во водите на Кочанска Река.

Настанот ќе започне околу 12 часот на Крушарскиот мост, кај Паркот на револуцијата, каде секоја година се собираат голем број граѓани.

Потпишувањето на крстот ќе го изврши Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на свештеници од храмот „Св. Вмч. Георгиј“ – Кочани.

Пред настанот, во 10:45 часот, ќе се одржи литија од црквата кон паркот.

Годинава, средствата собрани преку традиционалната лицитација на икони ќе бидат наменети за довршување на храмот „Св. Преображение“ кај Атомските згради во Кочани, чија изградба е во завршна фаза. Лицитацијата ќе се реализира во 10:15 часот, по завршувањето на утринската богослужба.

Од храмот „Св. Вмч. Георгиј“ информираат дека во тек е пријавувањето на учесници кои сакаат да скокаат по светиот крст.

За учество потребно е кандидатите да бидат полнолетни жители на Кочани, крстени во православната вера и да поседуваат лекарска потврда за здравствена состојба.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio