Радио Кочани
Кочани

Во Зрновци во тек е постапката за легализација на бесправно изградените објекти

474

Локалната самоуправа на Зрновци ги потсетува своите жители дека во тек е постапката за легализација на бесправно изградените објекти.

Градоначалникот на општината, Ванчо Митев за Радио Кочани вели:

Во тек е последна можност, за сите граѓани, кои имаат поднесено барање за легализација, до Општина Зрновци, а чија постапка е во прекин, да ја искористат законската можност, за нивно комплетирање и решавање.
Законот за постапување со бесправно изградени објекти, важи заклучно со 03.03.2026 година.
Се повикуваат, сите засегнати лица, навремено, да се обратат во Општина Зрновци, да се информираат за статусот на своето барање и да ја достават потребната дополнителна документација.
Во спротивно, доколку барањата не бидат навремено дополнети, истите ќе бидат одбиени, согласно законските одредби.
Лице за контакт: Методи Николов
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio