Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На 17 јануари стартуваат подготовките за пролетниот дел од ВМФ
Со јасна цел и силна мотивација, фудбалерите на ГФК Осогово на 17 јануари ги започнуваат подготовките за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига.
По есенскиот дел, кочанскиот тим го заврши полусезонското натпреварување со 24 бода и на 8. место на табелата.
26 годишниот Филип Димоски е првото засилување при што се очекува негово официјалнопретстсвување.
Тој во екипата на Осогово доаѓа од прилепска Победа.
Тимот имаше изедначен број победи и порази и сега е подготвен за нов почеток: подготовките ќе бидат насочени кон подигнување на формата и сплотеноста на екипата – за боите, за клубот и за навивачите.
Со висок праг на мотивација и цел да се искачи повисоко на табелата, тренерскиот штаб и играчите ветуваат дека ќе дадат се од себе за подобри резултати во продолжението од сезоната.
