Радио Кочани
Кочани

Драги од Село Нивичани – Живот без струја, без сигурност и без поддршка – тивка борба за опстанок“…

4,666

Со години, во домот на овој човек нема електрична енергија.

Единствен извор на светлина и топлина е старо шпоретче на дрва.

Иако е болен, секојдневно оди по планината, собира дрва и сам ги носи до куќата, само за да може да се загрее во студените зимски денови.

Куќата во која живее е во исклучително лоша состојба. Ѕидовите се дотраени, покривот е нестабилен, а просторот не обезбедува соодветна заштита од дожд, студ и ветер.

Условите за хигиена се минимални, а средствата за живот – речиси непостоечки.

Без постојани приходи и без поддршка, овој човек секојдневно се соочува со сиромаштија и неизвесност.

Храната и лековите често недостигаат, а нарушената здравствена состојба дополнително ја отежнува борбата за опстанок.

Ова е само еден од многуте примери на социјална ранливост што сè уште постојат во нашата заедница.

Се повикуваат надлежните институции да преземат итни и конкретни чекори за решавање на овој случај, а хуманите граѓани, доколку се во можност, да помогнат со донации и поддршка, со цел да се обезбедат основните услови за достоинствен живот.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio