Радио Кочани
Кочани

Информација за состојбата со обилните врнежи од дожд (состојба до утринските часови)

324

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел.

Кочанска река има локално излевање кај с. Горни Подлог, каде интервенира КЈП „Водовод“ Кочани со механизација.

Зрновска река се излеа пред вливот во реката Брегалница. Оризарска река се излеа кај с. Грдовци, каде состојбата е најкритична.

Поплавени се неколку подрумски простории на куќи во близина на реката.

Водостопанство „Брегалница“ интервенира со тешка механизација, а МВР го има забрането сообраќајот за моторни возила на северниот влез во селото.

Злетовска река и река Брегалница имаат зголемен водостој, но засега нема излевање.

Водостоите во горните текови се стабилизираат и имаат тенденција на опаѓање, додека во средните и долните текови состојбата останува критична.

На патниот правец Македонска Каменица – рудник САСА, поради одрон, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од околу 200 метри.

Во Пробиштип, поради излевање на реката Киселица на патниот правец с. Неокази – с. Петришино, сообраќајот е отежнат.

За настанот е информиран ЦИК при СВР Штип.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio