Радио Кочани
Кочани

Голема гужва и полни ќеси: „Компанија Атанасовски“ отвори месара во Кочани

341

Во Кочани денеска беше отворена нова месара под брендот на познатиот македонски производител Компанија Атанасовски, која уште од првите часови го привлече вниманието на бројни граѓани.

Во понудата на новоотворената месара се наоѓаат домашни ќебапи, домашни колбасици, чварки, свежо свинско и пилешко месо, како и плескавици и увијачи, подготвени според традиционални рецепти.

Посебен интерес предизвикува и понудата на печени прасиња, како и јунешко месо од домашна фарма, со гарантирано потекло. Од самиот старт, месарата ја посетија голем број граѓани, кои имаа можност да ги вкусат производите и одблиску да се уверат во квалитетот и препознатливиот вкус по кој Компанија Атанасовски е позната низ Македонија.

Како еден од најпрепознатливите македонски брендови во месната индустрија, Компанија Атанасовски со ова отворање ја проширува својата продажна мрежа и им носи на кочанчани богата понуда на свежи и традиционално подготвени месни производи.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio