Радио Кочани
Кочани

Започна примената на новиот сообраќаен режим во Кочани, увид изврши градоначалникот Грозданов

95

 

Од утринава започа најавената измена на сообраќајниот режим од кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, на дел од улиците „Тодосија Паунов“, „Кеј на Револуцијата“ и „Маршал Тито“ до кружниот тек кај Двојниот мост.

Изменетиот режим се имплементира со поддршка од полициски службеници на Одделението за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани, Општината, ТППЕ и ДПД Кочани.

Увид изврши градоначалникот Владко Грозданов и овластената инспекторка за патен сообраќај Жаклина Пауновска Анѓелковиќ.

Со пренасочување на сообраќајот продолжува поставувањето на хоризонтална и вертикална сигнализација.

Апел до сите граѓани: да не паркираат возила на улиците од двете страни на реката и да ги почитуваат службените лица, сообраќајните правила, прописи и сигнализација.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio