Радио Кочани
Кочани

В сабота ќе се одржи 25. Меморијален меѓународен турнир „Легендите на Спартак“ – во чест на кочанските Ангели

155

В сабота, 13 декември, спортската сала „Сашо Лазаров – Чапо“ ќе биде домаќин на 25. издание на меѓународниот турнир во слободно борење „Легендите на Спартак“, во организација на БК „Спартак“ од Кочани. Ова јубилејно издание ќе биде посветено на жртвите од трагичниот настан од 16 март, како спомен на Кочанските Ангели.

Своето учество го најавија млади натпреварувачи од Македонија, Бугарија и Албанија, кои ќе се натпреваруваат во машка и женска конкуренција, во возраст од 11 до 17 години. Борбите започнуваат во 10 часот, свеченото отворање е планирано за 14 часот, додека финалните дуели и прогласувањето на најдобрите ќе се одржат од 15 часот.

Организаторите упатуваат отворена покана до сите љубители на овој спорт да присуствуваат и да го поддржат турнирот, кој се одржува во година кога клубот „Спартак“ го одбележува јубилејот – 65 години од своето основање.

Настанот се реализира со поддршка од Министерството за спорт, Боречката федерација на Македонија, Општина Кочани и Светската боречка федерација.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio