Радио Кочани
Кочани

Претставници на здружението „16-ти Март 2025 Кочани“ се сретнаа со амбасадорот на Бугарија во Македонија, Желјазко Радуков

444

Претставници на Здружението нa граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“ вчера се сретнале со амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, Желјазко Радуков, јавуваат од самото здружение, пренесува Трибуна

На средбата беа претставени клучните информации и тековните предизвици поврзани со судската постапка, како и потребата од транспарентно постапување на надлежните институции.

Амбасадорот Радуков изрази искрено сочувство и интерес за да ги слушне нашите позиции од прва рака, како и подготвеност да ја следи ситуацијата и понатаму. Ваквите средби се значајни за нас, бидејќи ни овозможуваат да ја пренесеме вистината за случајот и нашата борба за правда пред меѓународните партнери.

Нашето здружение останува отворено за комуникација, средби и соработка со сите дипломатски мисии, институции, организации и релевантни субјекти – од земјата и од странство – кои можат да придонесат кон фер процес, независна истрага и реална институционална одговорност.

 

Продолжуваме достоинствено и упорно, со јасна цел: Вистина. Правда. Одговорност“, стои во соопштението на Здружението нa граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“ .

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio