Радио Кочани
Кочани

„Супорт Кочани“ : Досега собравме и поделивме близу 11 милиони денари

202

„Супорт Кочани“ денеска објави видео информација за своја втора распределба од заедничката сметка за донации. Од вкупната сума од близу 11 милиони денари, 1 094 493,оо  се отидени за данок на држвата (ПДП) . Останатите средства во еднаков износ и рамноправно се поделени на 137 лица. Секое од нив доби 71  900 денари.

Почитувани, транспарентно ја споделуваме информацијата за втората распределбата на средствата од заедничката сметка за донации преку SupportKocani, кои беа собрани по трагедијата што нè погоди, стои во објавата на „Супорт Кочани“ на социјалните мрежи.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи на 16 март оваа година загинаа 63 лица, а над двесте завршија со тешки телесни повреди. Поголем дел од нив и сега се на лекување.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio