Радио Кочани
Кочани

Кочанчанец пријавен за организирање нелегален комар во помошни простории од дом

1,570

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против лицe (39) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“. Пријавениот во претходно прилагодени помошни простории од објект за домување во Кочани, неовластено организирал и овозможувал учество во игри на среќа- комар.

Полициски службеници од ОВР Кочани извршиле претрес, при што биле затекнати 11 лица кои играле комар, а при претресот биле пронајдени пари и други предмети поврзани со организирање на комар.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio