Радио Кочани
Кочани

Со претставата „Сите прекрасни нешта“ вечерва на сцената во „Бели мугри“ завршува есенската културна програма на Јуроп хаус во Кочани

137
Октомвриската програма на Јуроп хаус во Кочани завршува вечерва со претставата „Сите прекрасни нешта“ на Народниот театар од Штип, што ќе се игра во ЦК „Бели мугри“, домаќин на сите културни случувања што досега Јуроп хаус ги има донесено во градот на Кочанска Река.

Месецов се одиграа две претстави, најпрвин кочанчани ја пгледнаа претставата „Синиот портокал“ на Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, по што следуваше „Црвенкапа“, претстава наменета за најмалите, во продукција на  Театар за деца и младинци од Скопје.
Јуроп хаус со есенска културна програма се врати во Кочани и покажа посветеност во подршката на културната иницијатива во градот, откако во септември реализираше низа активности за млади.
Партнери на Јуроп хаус во Кочани се НУ ЦК „Бели мугри“ и SupportKochani”.
Претставата „Сите прекрасни нешта“ на Народниот теаар од Штип во „Бели мугри“ вечерва ќе се игра со почеток во 20 часот.
.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio