Националната установа – Центар за култура „ Бели мугри “ Кочани изразува јавна благодарност до пријателот и подржувачот на културата во градот, ЕКО ПАК ХИТ- Кочани, Друштво за управување со пакување и отпад од пакување за добиениот подарок, еден клима уред – инвертер.
ЕКО ПАК ХИТ – Кочани, компанија која речиси 15 години се залага за повисока еколошка свест, ги препозна напорите на кочанскиот културен дом кон приклучувањето во создавањето на почиста и поздрава животна средина.
Со овој гест на општествена одговорност, ЕКО ПАК ХИТ го помага долгиот пат кон целосно еколошко загревање и ладење на просториите во кои се креираат и презентираат културни вредности, се наведува во соопштението на НУ ЦК „Бели мугри“ доставено до нашиот медиум.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе