Радио Кочани
Кочани

На 21 август – Редовна крводарителска акција во Црвен крст Кочани

105
Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани в четврток, на  21 август 2025 г. ќе ја реализира предвидената редовна крводарителска акција за месец август.
Акцијата ќе се спроведе во просториите на Црвениот крст на ул. „Тошо Арсов“ бр. 1 кај Градскиот плоштад од 08:30 до 14 ч.
Овој месец акцијата е поместена една седмица порано од редовниот термин и ќе се спроведе претпоследниот четврток во месецот, наместо последниот на 28 август, кога е неработен ден поради верскиот празник Голема Богородица.
Крводарител може да биде секоја здрава личност над 18 години. Тоа е доброволен, анонимен и бесплатен чин на хуманост. Пред секое крводарување се врши лекарски преглед преку кој ќе се провери здравјето на дарителот. Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio