Радио Кочани
Кочани

Денеска започнува Богородичниот пост

606

Денеска започнува Богородичниот пост, еден од четирите големи пости во православната христијанска традиција, посветен на Пресвета Богородица.

Овој пост трае од денеска 14 август до 27 август и завршува со големиот празник Успение на Пресвета Богородица, што се одбележува на 28 август, според Јулијанскиот календар.

Верниците во овие две седмици се повикуваат на воздржување од мрсна храна, алкохол, како и на зголемена молитва, смирение и покајание. Во сабота и недела е дозволено растително масло, а на празникот Преображение Господово, кој се паѓа на 19 август, се дозволува и риба.

Богородичниот пост претставува духовна подготовка за еден од најзначајните празници посветени на Дева Марија, и потсетување на нејзината смиреност, љубов и застапништво пред Бога.

За време на постот не јадете месо и млеко, но трудете се да не го јадете и братот свој ! Лесни благословени Богородични пости. – Oтец Мартин

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio