Радио Кочани
Кочани

ОО на СДСМ Кочани : Илинден е симбол на жртва, нескршлив слободарски дух…

265
Почитувани сограѓани, На овој свет ден, оддаваме почит кон двата Илиндена, коишто спојуваат два суштински момента од историјата на македонскиот народ.

Илинден 1903 – симбол на жртва, нескршлив слободарски дух, на хероите од Крушевската Република и асномскиот – Илинден 1944, кој ги постави темелите на модерната македонска државност, прогласувајќи го нашето право на слобода, идентитет и самоопределување.
Двата Илиндена, иако одделени со децении, ги поврзува една визија: слободна, достоинствена и суверена Македонија.
Оддавањето почит на жртвите на нашите предци е истовремено потсетување и на одговорностите што ги носиме за да го заштитиме нивното наследство – преку единство, напредок и почитување.
Празнувањето на големиот национален и православен празник – Илинден ја обединува и болката по неповратните животи од неодамнешната трагедија во Кочани и повикува на коренити промени кон похумано и поодговорно општество.
Нека е честит Илинден, за многу години!
ОО на СДСМ – Кочани
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio