Радио Кочани
Кочани

Втора работилница во Але – Дар со познати психолози и донации за настраданите…

474

Вечерва се одржа втората хуманитарна работилница насловена како „Ментално здравје, траума и заедничка поддршка.

Настанот е дел од иницијативата „Сите за Кочани“ на општестевно одговорната компанија Хотел ресторан Але-Дар.

Познатите македонски психијатри Славица Арсова, Стојан Бајрактаров и Кирил Тројацанец дебатираа за темите:

Како да бидеме поддршка за родител кој загубил дете

Како да му помогнеме на млад човек кој молчи и многу други теми беа опгатени на вечерашнава работилница.

Модератор беше познатиот јутубер, Стефан Лазаров.

Во продолжени деталите од организаторот Александар Алексов, психолозите Славица Арсова, Кирил Тројачанец и модераторот Стефан Лазаров.

Работилницата имаше и хуманитарен карактер, при што присутните можеа да донираат парични средства кои ќе бидат наменети за засегнатите од пожарот, кој се случи во дискотеката „Пулс“ пред точно еден месец.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio