Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Осветен Крстот на храмот во изградба посветен на „Св. Варвара” во селото Уларци
На 13 април 2025 година, на празникот Цветници, Неговото Високопресвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Кочанското Архиерејско Намесништво, го изврши чинот освет на Крст за купола на храмот во изградба посветен на „Св. Варвара” во с. Уларци, кочанско, се вели во известувањето од Брегалничката Епархија.
