Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На 23 април хуманитарно-продажна изложба во „Бели мугри“, јавна аукција на SupportKocani
НУ ЦК „ Бели мугри“ организира хуманитарно – продажна изложба за обезбедување помош на засегнатите од пожарот во Кочани, со учество на локални ликовни и книжевни автори со донирање на нивни дела.
Свои дела можат да донираат автори од целата држава.
Делата треба да се достават во ЦК „Бели мугри“ во Кочани.
Хуманитарно – продажната изложба ќе се одржи на 23 април со почеток во 19 часот и ќе трае во наредните 14 дена.
Со подршка на SupportKocani доставените ликовни и книжевни дела ќе бидат ставени на јавна аукција.