Радио Кочани
Кочани

Лишен од слобода возач од Соколарци за возење под дејство на алкохол…

1,644
Денеска (06.04.2025) во два одвоени случаи, во Штип и во Пробиштип лишени од слобода се лицата Д.Ј. (35) од Штип и С.Г.(45) од с. Соколарци, општина Чешиново-Облешево. Во првиот случај при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека лицето е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. Во вториот случај исто така при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал С.Г. за кого било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio