Радио Кочани
Кочани

Битола од срце за Кочани, ФК Пелистер и Чкембари донираа 360.000 денари за настраданите

117

Фудбалскиот клуб Пелистер објави доказ со уплатница дека преку Црвениот крст на Македонија префрлил 360 илјади денари за помош на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.

„Од Битола, од срце за Кочани!

ФК Пелистер, љубителите на фудбалот во Битола, навивачката група „Чкембари“ го исполнија ветеното. Приходот од билетите од натпреварот од 25-тото коло на Првата фудбалска лига е дониран за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Исто така независно од натпреварот, навивачката група „Чкембари“ реализираше индивидуална акција во која собра дополнителни средства кои се додадени во донацијата. Нашиот град и нашиот клуб уште еднаш ја покажа својата хуманост и човечност во тешките моменти за нашата земја и нашите граѓани. Да не се повтори…“, објавија од Пелистер.

Sportmania.mk

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio