Радио Кочани
Кочани

Извршена и втората исплата за поддршка на настраданите во Кочани

383

Заклучно со денешниот ден во апелот на Црвениот крст на РМ за настраданите од пожарот во Кочани собрани се 112.595.482,00 денари. Досега Црвениот крст  изврши првична исплата на средства на семејствата на сите починати и повредени лица кои се лекуваат во странство и во земјата. Денес е извршена и втората исплата за поддршка на настраданите семејства од трагичната несреќа во Кочани. Од двата трансфери вкупно се исплатени 60.850.000,00 денари од досегашните донирани средства.

Во соработка со внатрешните професионални институции во државата, како и надлежните министерства и Владата, кои ги покриваат прашањата на проценките на видовите на штети во вакви ситуации, се работи на изнаоѓање на пристап кој ќе се примени во понатамошна дистрибуција на средствата кои се собираат во  Црвениот крст, кој ќе значи реална поддршка во вистинско време за лекување и справување со последиците од катастрофата, за што благовремено ќе ве информираме.

Црвениот крст заедно со нашите партнери продолжува со испораката на психосоцијална и друга поддршка на настраданото население.

Поради сè уште големиот интерес за донирање, апелот за собирање на средства продолжува и понатаму.

Уште еднаш упатуваме голема благодарност до сите кои донираа за помош на настраданите.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio