Радио Кочани
Кочани

Новиот Закон за пожарникари ќе ги зајакне капацитетите на пожарникарските служби во Кочани , посочи Мицкоски

375

Се изготвува нов Закон за пожарникарска служба, по што веднаш ќе бидат и зајакнати капацитетите на Територијалните противпожарни единица во општините, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан за долгогодишните проблеми со бројот на пожарникари во ТППЕ-Кочани, кои учествуваа во гаснењето на пожарот во дискотеката Пулс, каде што загинаа 59 млади луѓе.

„Вработувањето во пожарникарските служби е еден од проблемите, коишто директно ги погодува локалните самоуправи. Се изготвува новиот Закон за пожарникарска служба и веднаш по изготвувањето на тој Закон ќе бидат зајакнати капацитетите на пожарникарската служба насекаде на целата територија, со приоритет на град Кочани, изјави премиерот Мицкоски.

 

 

Инаку во ТППЕ-Кочани се вработени вкупно 16 пожарникари, а согласно бројот на жители во општините Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци вкупниот број на вработени пожарникари треба да изнесува 33. Во изминатите години товарот околу обезбедување на платите, опремата и возилата е на Општина Кочани, додека останатие две рурални општини Чешиново-Облешево и Зрновци не учествуваат со финансии во функционирањето на ТППЕ-Кочани.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio