Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Изгласани измените за забрана за употреба на пиротехника во затворен простор
Собранието доцна синоќа донесе девет закони по скратена постапка, меѓу кои и измените на Законот за пиротехника, со кои се воведува забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор. Овие измени се донесени како одговор на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 59 лица.
Властта и опозицијата постигнаа согласност дека се неопходни построги казни и поголеми ограничувања во користењето на пиротехнички средства, особено во затворени простори. Владејачкото мнозинство, кое ги предложи овие измени, очекува широка поддршка од сите партии со цел да се спречат слични трагедии во иднина. Со новите измени се прошируваат надлежностите на полицијата, што овозможува подобра контрола над употребата на пиротехника.
Се предвидува и зголемување на прекршочните глоби, а за повторен прекршок се воведува и притвор. Полицијата ќе има поголеми овластувања за превенција на нарушувањата на јавниот ред.
Донесени се и други важни измени во законите за образованието, субвенционирани студентски оброк, како и во областите за безбедност и здравје при работа.