Радио Кочани
Кочани

Сајкоски: Денеска заедно со општествено одговорни компании донираме едно амбулантно возило за потребите на Општа болница – Кочани

2,273

Најнапред сакам да изразам жалење за трагедијата што се случи, тука во Кочани, и ја потресе цела Македонија. Сакам да изразам сочувство до семејствата на луѓето кои што загинаа во оваа трагедија. Да посакам што побрзо оздравување на оние кои што се во болниците и во Македонија и надвор од Македонија и сакам да порачам до граѓаните на Кочани, дека ВМРО-ДПМНЕ и Владата, цврсто стојат зад опоравувањето од овој шок којшто го доживуваат и граѓаните на Кочани, меѓутоа кој што го доживувaме и сите ние кои што живееме во Република Македонија.

Сакам исто така, да изразам огромна благодарност за општествено одговорните компании ,,Аутомотив груп“, ,,Соникс“ и ,,Шпаркасе“,  кои што денес за настанот за кој што сме собрани, донираа едно возило – амбулантно возило, за потребите на Општа болница – Кочани, кое што е опремено возило и кое што ќе помогне на жителите и од Кочани и од регионот да побрзо се транспортираат пациентите меѓутоа и да имаат квалитетна услуга. На сите жители на Кочани сакам да им порачам дека ние стоиме зад вас заеднички да ја пребродиме и оваа последна криза и шок.

Ги повикувам и сите општествено одговорни компании, кои што сакаат да помогнат да донираат, отворени сме за соработка и да помогнеме и на Општата болница – Кочани, меѓутоа да помогнеме и на цел регион.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio