Радио Кочани
Кочани

Од утре исплата на пензиите повисоки за 2.500 денари

104

На сметките на пензионерите  утре ќе легнат дополнителни 2500 денари. Станува збор за второто линеарно зголемување. Првтото покачување беше во септември минатата година кое изнесуваше исто 2.500денари .

Алсат излезе на терен и ги прашавме граѓаните дали се задоволни од покачувањето на пензиите. Дел велат дека се задоволни, а дел сметаат дека паралелно со стандардот, треба и пензиите да се зголемуваат.

„Задоволен сум, поработувам нешто додадтно па да си купам други работи, со пензиајта така се вртам малку, ако оди стандардот нагоре и пензиите нека одат…“

„Задоволен сум, јас сум многу стар 90 години точно, гледам се прават напори за просвета, нека е подборо на другите, само мислам државните служби високите парламентот имаат висока плата“, рекоа пензионерите.

Фискалниот совет веќе апелираше дека државата троши премногу прари за пензиите. Тие препорачуваат овие трошоци да се намалат под 30 отсто од буџетот. Во спротивно, државната каса на долг рок ќе стане нестабилна.

Од СДСМ претходно ја критикуваа оваа владина мерка за усогласување на пензиите, со образложение дека акутелната влада манипулира, поради тоа што како што соопштија за 4 години пензионерите би го имале истото покачување на пензиите, а власта тоа покачување го дала наеднаш..

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio