Радио Кочани
Кочани

Лажни хуманитарци од врата на врата собираат донации за настраданите и повредените во „Пулс“

757

Лажни хумантарци деновиве биле забележани во Кочани и населените места барајки пари кои наводно ќе бидат наменети за настраданите и повредените во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ како и за кочанските пожарникари.

На социјалните мрежи, загрижени граѓани реагираат дека во нивните домови лице или група на лица доаѓаат и со некакви документи бараат парични средства од нив.

-Луѓе пазете се, по град Кочани лице од 14-та Бригада, оде по куќи и собира пари за настраданите и повредените деца и за пожарникарите. Наводно имале документи и барале пари. Штом од него се побара трансакциска сметка веднаш се повлекува, напиша на социјалните мрежи загрижен граѓанин од Кочани.

Доколку истите лица бидат забележани се апелира веднаш да бидат пријавени во полиција.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio