Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
По дво неделниот распуст пратениците се враќаат на работа – се очекува формирање комисија за истрагата во Кочани
По двонеделната пауза поради трагедијата во Кочани, од утре пратениците се враќаат во Собрание. Според објавениот распоред на интернет страницата, во законодавниот дом веќе се закажани неколку комисии.
Дел од јавноста бурно реагираше за ваквата одлука, па од Собранието известија дека пратениците работат но откажани се само пленарните седници и комисиите.
Во меѓувреме, од опозициската СДСМ за трагедијата во Кочани побараа формирање на анкетна комисија преку која ќе бараат утврдување на фактите, како и политичка одговорност за несреќата.
За Анкетната комисија, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека немаат ништо против, но порачаа дека истата ќе биде проширена и со претходните трагедии.
Од ДУИ, пак, побараа парламентарна комисија која ќе го истражува начионот на кој се води истрагата. Оттаму ги повикаа Владата и МВР да дадат одговори за работењето на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ која го обезбедувала ноќниот клуб.
Политичкиот аналитичар Петар Арсовски за телевизија 24 вели дека форматот на комисијата не е толку важен. Според него, најважно е да комисијата да се одвива на транспарентен начин и да учествуваат повеќе политички партии. За двонеделната пауза во Собрание, Арсовски рече дека пратениците можеле само да ги откажат пратеничките прашања без да ја прекинуваат целосната агенда на Собранието.
Инаку, одлуката на Собранието да не заседава беше веднаш по истекот на седумте дена жалост за трагедијата во Кочани.