Радио Кочани
Кочани

Состојбата на критичните пациенти се подобрува

722

Осум пациенти од трагедијата во Кочани кои се лекуваа во македонските болници се пуштени дома. Деветмина кои беа на лекување надвор од државата се враќаат назад. Состојбата на оние четири пациенти од странските клиники што се во критична состојба од ден во ден се подобрувасо што ја зголемува надежта кај лекарите дека закрепнувањето оди во вистинска насока.

„За критичните пациенти добиваме добри информации. Тие сѐ се уште во тешка состојба, но подобрена во споредба со вчерашниот ден. Оптимисти сме дека тие уште повеќе ќе се подобрат“, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

На повредените луѓе кои вчера се вратија веднаш им беа направени сите неопходни анализи на Клиниката за токсикологија. Резултатите беа добри, па тие веќе се пуштени на домашно лекување.

„Тројца од нив се со инхалаторни повреди, но стабилни, а другите имаат и инхалаторни повреди и изгореници кои се во санација. Сите пациенти се прегледани од повеќе доктори. Денес ги пуштивме на домашно лекување, но сепак одредено време ќе треба да доаѓаат на прегледи“, изјави Андон Чибишев, директор на Клиника за токсикологија.  

Министерот за здравство повтори дека лекувањето за сите пациенти кои се надвор од државата е бесплатно. Исто така обезбедено е и патување и сместување за двајца членови на семејството да можат да бидат  до своите најблиски во овие тешки моменти.

На лекување остануваат 14 во Македонија и 91 во странство.

Извор:

telma.com.mk

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio