Радио Кочани
Кочани

Двајца градоначалници на Кочани заминуваат во домашен притвор, ама еден останува зад решетки

12,652

Судија на претходна постапка од основниот суд во Кочани донел одлука двајца поранешни градоначалници на Кочани, наместо во притвор да бидат пуштени во домашен притвор, дознава Прес 24.

Се работи за поранешните градоначалници Ратко Димитровски и Николчо Илијев, а таква одлука нема за последниот градоначалник во оставка Љупчо Папазов.

Според информации на Прес24, обвинителството вложило жалба на таквата одлука на судот, па конечен збор ќе има штипска апелација.

Мерката ефективен притвор е преиначена и за поранешната директорка на Пазарниот инспекторат Анета Симеска Димоска која исто така оди во домашен притвор поради здравствени причини. За неа обвинителството не вложило жалба на одлуката на Кривичниот совет во Кочани.

Инаку од 36 притворени, жалби поднеле 22 лица.

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio