Радио Кочани
Кочани

МВР назначи нови началници во Штип и Кочани по пожарот во дискотеката

4,917

Нов началник на Секторот за внатрешни работи во Штип е Бојан Величковски, а Игор Јаковлевски е новиот началник на ОВР Кочани. Промените се направени по пожарот во дискотеката во Кочани, во која загинаа 59 лица.

Министерот за внатрешни работи  Панче Тошковски на 18 март ги разреши началниците на СВР Штип и ОВР Кочани со цел да се спроведе целосна истрага и без притисоци.

– Со цел да се обезбеди целосно независна и ефикасна истрага, донесов одлука за разрешување на раководни лица во локалната полиција во ОВР Кочани и СВР Штип и нивно заменување со полициски службеници кои не се од овие места, односно се од Скопје. Ваквата одлука не прејудицира никаква вина, туку е чекор кој треба да гарантира дека процесот ќе се одвива без притисоци, сомнежи или влијанија, изјави тогаш Тошковски.

Новиот началник на СВР Штип доаѓа на местото на Дејан Салтировски, кој дотогаш ја извршуваше оваа функција, додека Јаковлевски на местото на Марија Маневска.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio