Радио Кочани
Кочани

Успешно се лекувааат во Варна две момчиња и едно девојче…Подарена икона за здравје…,

3,213

Во Воено медицинската академија во Варна, Бугарија, во моментот  на лукување се наоѓаат две момчиња и едно девојче од Кочани поврдени кобната ноќ на 16 март на концертот на ДНК – бендот.

Сите тројца се надвор од животна опасност, во добра здравствена состојба, информира родител на едното од децата. Според неговото кажување, медицинскиот персонал во болницата кон децата од Кочани се однесува максимално професионално, и повеќе од тоа. Лекувани се со современи методи, грижата, вниманието и негата кон нив се врвни.

Од голема помош се сите вработени во Амбасадата на Македонија во Бугарија, како и нивните колеги во Амбасадата на Бугарија во Скопје. Докторт Столе Зафировски, Македонец кој повеќе од две децении работи кај источниот сосед им е секогаш при рака на родителите за се што е потребно. Студенти од Македонија секојдневно се во болницата во Варна.

Илија Лелов, реномиран уметник во Бугарија, од почит кон кочанскиот православен храм „Св. Великомаченик Ѓеорѓи“ и за побрзо оздравување на повредените, подари икона, која со помош на македонската амбасадорката во Софија, Агнеса Руси, пристигна во Кочани.

Дечиња од детска градинка во Софија, пак, на своите врсници од детската градинка „Павлина Вељанова“ им испратија своја ракотворба со желби за поубаво утре.

Освен во Варна, на лекување во Бугарија се наоѓаат уште петнаесет деца од Кочани. Сите се сместени во болници во Софија. На сите состојбата им се подобрува.

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio