Радио Кочани
Кочани

Седум години од смртта на Симеон Иванов – Канго

201

Денеска, 26 март, се навршуваат седум години од смртта на рокерот и гитарист Симеон Иванов – Канго. Тој почина во 2018 година по тешко боледување на 67-годишна возраст во Кочани.

Повеќе од 50 години се занимаваше со музика и уметност како поет-сликар, а беше основач и на културното движење „Мактеон“ кое ја промовираше македонската нација, култура и јазик.

Во својата долга музичка и поетска кариера Канго издаде седум музички албуми и четири стихозбирки.

Беше препознатлив по својот немирен творечки дух и необичен стил на музицирање и облекување, поради што го нарекуваа македонски Џими Хендрикс.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio