Радио Кочани
Кочани

Кочанчанецот Владимир Грчев повторно е државен првак по информатика!

3,036

Деветооделенецот Владимир Грчев повторно ја освои титулата државен првак по информатика, овој пат како ученик од ООУ „Братство“ – Карпош- Скопје, под менторство на наставничката Ана Дионисиева.

Покрај тоа, тој постигна извонреден успех и во вкупниот пласман на натпреварот, освојувајќи го третото место меѓу сите учесници од основно и средно образование. Пред него се најдоа само двајца ученици од средно образование – еден од втора година и еден од трета година.

Браво, Владимир! Продолжи да не правиш горди, претставувајќи го најдобро и градот Кочани од каде што доаѓаш, училиштето и општината во кои учиш, но и нашата Македонија на меѓународните натпревари што те очекуваат истакна – Анита Атанасова – Грчев.

Дополнително, следниот месец Владимир ќе ги претставува боите на Македонија на IATI – Интернационалната олимпијада по информатика, што ќе се одржи во Шумен, Бугарија. Ова е уште еден доказ за неговата извонредна посветеност и талент во областа на информатиката и се надеваме  дека и таму ќе постигне успех.

Владимир изрази голема благодарност до ООУ „Братство“ – Карпош- Скопје, и до неговиот ментор, наставничката Ана Дионисиева, за поддршката што му ја дава во неговиот успех. Тој исто така искажува благодарност и до наставничката Нада Давиткова од Кочани, која до пред една година беше негов ментор и голема поддршка.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio