Радио Кочани
Кочани

Возило на АРМ се превртело кај Соколарци на патот Штип-Кочани, едно лице потешко повредено

3,770

Едно лице е потешко повредено во сообраќајна незгода што се случи кај надвозникот кај Соколарци на експресниот пат Штип – Кочани. Во сообраќајната несреќа едно возило на АРМ се превртело на коловозот.

Од Армијата потврдија дека се случила сообраќајна незгода, но повеќе детали најавуваат за подоцна.

Повредениот од болницата во Кочани е префрлен во болницата во Штип.

Поради сообраќајна несреќа што се случила околу 13 часот во прекин е сообраќајот за сите возила, а сообраќајот се пренасочува по локалниот патен правец од Соколарци кон Кочани и обратно.

Сообраќајот се пренасочува по стариот пат Штип-Кочани и по околните патни прaвци.

Официјално соопштение од МВР:

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе