Радио Кочани
Кочани

Комеморација во СОУ „Гошо Викентиев“

465

Утрово во СОУ „Гошо Викентиев“ се одржа комеморација, собир во спомен на жртвите од трагедијата, двајцата ученици од втора и трета година Леонид Велков и Димитар Иванов.

Молк во училишниот двор, учениците и професорите се потпишуваа во книгата на жалоста и палеа свеќи за последен поздрав и покој на нивните души на настраданите сооученици, другарчиња – браќа.

Атмосферата беше толку траорна, што на еден од учениците му се слоши, па следуваше брза реакција од Итната медицинска помош и претставниците од Црвениот крст.

Се молиме за душите на настраданите и брзо оздравување на повредените и враќање во своите домови.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе