Радио Кочани
Кочани

Синодско сочувство по повод трагедијата во Кочани

1,045

Нажалени родители, браќа и сестри, роднини и пријатели – нажалена Македонијо,

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија со исклучителна тага и жал ја прими злокобната вест за огромната трагедија во Кочани, во која животот го загубија голем број на наши млади чеда, а уште многумина се борат за живот.

Но, и во овие мигови на непоимлива скрб, да не заборавиме дека Бог е Бог на живите и дека во Него нема мртви. Оттаму, иако е невозможно да се најдат човечки зборови за утеха, сепак, утеха на семејствата и блиските, но и на сите нам, нека ни биде верата дека споменот на праведниците е вечен и дека тие вечно ќе постојат во Вечноживиот Бог.

Се молиме Троединиот Бог – Богот на љубовта, да ги прими душите на невино постраданите Свои чеда во Едемската градина, а на нивните најмили да им даде утеха и сили, испраќајќи им ја Својата небесна закрила.

На повредените, пак, Бог – Лекарот на сѐ, да им дарува брзо закрепнување и исцеление.

Претседател на Светиот архиерејски синод
на Македонската Православна Црква
– Охридска Архиепископија
С Т Е Ф А Н

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе