Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На концерт на групата „ДНК“ се запали и сеуште гори дискотеката „Pulse“ во Кочани. Како што дознава Радио Кочани од лице место 100тици повредени, меѓу нив и жртви од големиот пожар има утрово околу 3 часот по полноќ. Возилата на ТППЕ, возилата на итна помош и полицијата не се доволни да ги спасат повредените деца кои буквално лежат на улица, додека дискотеката сеуште е во пламен. Цивилни возила доаѓаат од сите страни за да помогнат и се упатуваат во правец на општа болница во Кочани. Вистински хаос. Радио Кочани реализираше вознемирувачки видеа. Повеќе информации и детали ќе објавиме во текот на денот, до тогаш останува да се молиме за помалку жртви и повеќе спасени деца.
Вознемирувачки снимки