Во замена за извештај од натпреварот ја пренесуваме објавата на ЗГ „Никола Мантов“.
Ние денеска сме горди затоа што сите видовме три важни работи:
1. Нашата екипа беше рамноправен ривал на штипска “Брегалница” која има сериозни амбиции да се врати во Прва МФЛ;
2. Нашата публика дојде во голем број и покажа како се сака и поддржува екипата на ГФК “Осогово”;
3. Ние ќе бидеме достојни ривали и секој ќе има мака со нас без разлика дали играме дома или во гости;
А главниот судија денеска е срам и арам за ФФМ! И крајно време е Масар Омерачиќ да покаже дека со право на него се надеваа сите чесни навивачи и љубители на македонскиот фудбал…
Благодарност за сите што дадоа придонес и поддршка за денешната организација
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе