Радио Кочани
Кочани

Познати идентитетите на загинатите во вчерашната сообраќајна несреќа

6,105

На 07.03.2025 година во 13.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, на надвозникот кај село Тркање, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо 3008“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(64) од Кочани и патничко возило „Фолксваген Ап“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(58) од Скопје, сопственост на правен субјект од Скопје.

Во несреќата на лице место починале возачите на двете возила, што било констатирано од страна на ИМП Кочани, а возилото „Фолксваген ап“ било целосно опожарено.

Извршен бил увид а по наредба на надлежен ЈО телата на починатите биле предадени на обдукција.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе